Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија е полоша од ИСИС, вели Дмитро Кулеба

Русија е полоша од ИСИС, вели Дмитро Кулеба

Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба побара од светот да одговори на масакрот што се случи во Буча, во близина на Киев.

Говорејќи за Тајмс радио, Кулеба изјави дека руските војници егзекутирале цивили додека се повлекувале од регионите „од бес и само затоа што сакале да убијат“. Вели дека Русите сакаат да елиминираат што повеќе Украинци. 

„Убиваа цивили додека си заминуваа, се повлекуваа, од бес и само затоа што сакаа да убијат. Немаше добра причина за нив. Тие не беа герилци, не беа луѓе што им се спротивставија. Русија е полоша од ИСИС, точка“, рече Кулеба.

Тој ја повика групата Г7 да воведе санкции кон Русија како одговор на злосторството.

Eвропската Унија (ЕУ) ќе воведе нови санкции за Русија. 

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел ги осуди злосторствата кои руските сили ги извршија во предградијата на украинскиот главен град Киев и вети дека ќе има нови санкции кон Русија.

Слично

Поврзани вести