Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија е отворена за преговори со Украина, повтори Песков

Русија е отворена за преговори со Украина, повтори Песков

Oд Кремљ велат дека Русија останува „отворена за разговори“ со Украина. 

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва останува „отворена за разговори“ со Киев, нагласувајќи дека „целите на специјалната воена операција“ на истокот на Украина „остануваат непроменети“, пренесува „Известија“.

„Специјалната воена операција продолжува за да ги постигне своите цели бидејќи не можевме да ги достигнеме преку политички и дипломатски средства“, вели Песков. 

Тој вели дека Москва е отворена и за разговори со други земји врз основа на меѓусебно почитување.

Рускиот претседател Владимир Путин неколку пати изјави дека Москва „е подготвена“ за разговори со Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги отфрли разговорите и кажа дека Украина ќе разговара со „следниот“ руски претседател. 

Слично

Поврзани вести