Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија е кипарската надеж за помош

Русија е кипарската надеж за помош
Откако кипарскиот парламент ги отфрли условите за добивање на спасувачка помош, сега се отворени сите можности за тоа земјата да најде уште средства за спасување на своите банки. Веднаш по гласањето на парламентот во Никозија претседателот на Кипар Никос Анастасиадис одржа телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин. Тие разговарале за економската ситуација во Кипар. Во меѓувреме, министерот за финансии, Михалис Сарис е во Москва.  Главната цел на посетата е да се разговара за заемот од 2,5 милијарди евра што Русија и го обезбеди на Кипар во 2011 година со камата од 4,5 одсто.  Сарис ќе се обиде да ја намали каматата и да го продолжи рокот на отплата од 2016 до 2020 година. Се очекува во замена за тоа Москва да побара детали за руските милијардери, кои имаат сметки во кипарски банки.
Слично

Поврзани вести