Русија досега се воздржувала од напади на официјални лица, но тоа може да се промени
Русија се заканува со можен напад на украинската престолнина Киев.
Игор Конашенков тврди дека Русија досега се воздржувала од напади на официјални лица, но тоа ќе се промени доколку Киев продолжи со обиди за саботажа или конвенционални напади на руска територија.
„Доколку продолжат таквите обиди, вооружените сили на Руската Федерација ќе ги нападнат центрите за одлучување, вклучително и Киев, од што досега се воздржувавме“ , изјави генерал-мајор Конашенков.
Руската телевизија објави видео за кое тврди дека го прикажува предавањето на украинските војници во украинскиот град Мариупол.
Слично
