Русија демонстративно тестира балистички ракети
Руските воени сили извршија серија тестови на интерконтинентални балистички проектили како демонстрација на сила покрај тензиите во односите со САД поради Сирија.
Тие лансираа ракета која може да носи нуклеарен полнеж, од подморница во Охотско Море, северно од Јапонија
Ракета „Топол“беше истрелана од подморница во Баренцово Море, а трета ракета беше активирана од северозападна Русија, соопштуваат руските агенции.Вашингтон веќе ја критикуваше Русија дека „вежба со нуклеарно оружје“ поради влошените односите Исток-Запад до најниско ниво по Студената војна поради анексијата на Крим во 2014 година.
Слично
