Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија ѝ даде ултиматум на Украина: Предадете се до изгрејсонце или напаѓаме!

Русија ѝ даде ултиматум на Украина: Предадете се до изгрејсонце или напаѓаме!
Руската Црноморска флота им даде ултиматум на Украинците на Кримскиот Полуостров - да се предадат до 5 часот наутро по локално време или ќе се соочат напад од руските вооружени сили. „Ако не се предадат до 5 часот наутро, ќе биде покренат напад од страна на оружените сили на целиот Крим“, изјави заповедникот на флотата Алексадар Витко. Рускиот премиер Димитриј Медведев попладнево изјави дека Русија продолжува со плановите за изградба на мост со кој директно ќе го поврза рускиот регион Краснодар со Крим. За изградбата на овој мост се расправа со години. Во Украина од викендов на сила е општа мобилизација на сите воени резерви, а сите мажи на возраст над 17 години се повикани да се јават во касарните. Украинскиот премиер Арсениј Јаценјук побара странска финансиска и политичка помошза да се заштити територијалниот интегритет на Украина. Опозицискиот лидер Виталиј Кличко, пак, побара руските трупи да се повлечат од Крим. Властите во Киев не се откажуваат од полуостровот, иако ситуацијата на терен е поинаква. Без ниту еден испукан куршум и без потпишан договор, Крим од вчера е под целосна контрола на руските вооружени сили. Украинските воени бази се опколени, а од украинските војници се бара да го предадат оружјето.
Слично

Поврзани вести