Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија да ја запре војната, бара Меѓународниот суд на правдата

Русија да ја запре војната, бара Меѓународниот суд на правдата

Русија да ја запре војната, бара Меѓународниот суд на правдата (МСП). 

Тој  денеска ѝ нареди на Русија да ги запре воените дејства што ги почна во Украина на 24 февруари. Иако пресудите на МСП се обврзувачки, не се знае дали Москва ќе ја почитува оваа пресуда. Одлуката е донесена со 13 наспроти 2 гласа, односно против неа гласале само рускиот и кинескиот судија.

Судиите додадоа дека Русија мора да се погрижи другите сили под нејзина контрола или поддржани од Москва да не ја продолжат воената операција.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на Твитер ја поздрави веста, велејќи дека „Украина оствари целосна победа во својот случај против Русија пред Меѓународниот суд на правдата. МСП нареди веднаш да се запре инвазијата. Наредбата е обврзувачка според меѓународното право. Русија мора веднаш да ја испочитува. Игнорирањето на наредбата уште повеќе ќе ја изолира Русија“.

Киев ја обвинува Москва дека незаконски се обидува да ја оправда војната со лажно тврдење за геноцид во регионите Доњецк и Луганск во источна Украина.

Шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека треба да го зголемат присуството во источниот дел од Алијансата поради руската инвазија на Украина. 

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести