Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија да биде прогласена за терористичка држава, бара Зеленски

Русија да биде прогласена за терористичка држава, бара Зеленски

По вчерашниот напад во украинскиот град Кременчук каде руските сили погодија трговски центар, украинскиот претседател Володимир Зеленски бара Русија да биде прогласена за терористичка држава. 

Загинаа најмалку 18 луѓе, а десетици се повредени.  Зеленски, изјави дека голем дел од повеќе од 1000 посетители и работници кои биле во трговскиот центар успеале да побегнат, откако се активирале сирените кои предупредуваат за опасност од нов напад.

„Ова е еден од најдрските терористички напади во eвропската историја“, вели Зеленски. 

Тој истото им го кажал и на лидерите на 7-те најбогати земји во светот, од кои бара Русија да биде прогласена за терористичка држава.

Руското Министерство за одбрана го потврди нападот на Кременчук, но тврди дека цел биле залихите на западно оружје, а заменик-амбасадорот во Обединетите нации Дмитриј Полјански ја обвини Украина дека го искористила инцидентот за да добие симпатии пред самитот на НАТО што почнува денеска во Мадрид.

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести