Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија чека 10 милијарди долари инвестиции во инфраструктурни проекти

Русија чека 10 милијарди долари инвестиции во инфраструктурни проекти
Обемот на странски инвестиции во инфраструктурни проекти во Русија ќе достигне околу 10 милијарди долари, вели директорот на рускиот фонд за инвестиции, Кирил Дмитриев. Според него, преговорите с еводат со австралискиот инвестициски фонд Меквори, со арапски инвеститори, канадски фондови, а тие инвестиции во Русија би можеле да пристигнат во скоро време, пренесе Итар тас. Фондот за директни инвестиции, заедно со странските партнери, планира финансирање на сообраќајни проекти во Москва и московската област, обиколница околу градот, изградба на сообраќаен чвор, купување на вагони за московското метро. За секој од тие проекти веќе постојат два-три меќународни инвеститори, прецизираше Дмитриев. Во најскоро време, владата во Москва планира да распише тендер за купувањ еи одржување на 2.500 до 3.000 вагоди со рок на испорака од 2015 до 20120 година. Меѓу потенцијалните учесници на конкурсот се најголемите руски и светски машински концерни.    
Слично

Поврзани вести