Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија: Биткоинот е валута за терористи

Русија: Биткоинот е валута за терористи
Руската централна банка ги предупредува граѓаните да бидат внимателни со биткоинот, бидејќи таа валута се користи за перење пари и финансирање на тероризмот. Руската централна банка (РЦБ) издаде соопштение во кое предупредува дека виртуелните валути, односно „сурогатите за пари“, се нелегални по член 27 од Федералниот закон за Централна банка на Руската федерација, пренесува Русија денес (Russia today). Биткоинот е независна валута, која не ја регулира владата, и поради тоа постои голем ризик од девалвација, предупредува РЦБ. Поради анонимната природа на виртуелната валута, банката ги предупредува руските државјани, дека свесно или несвесно, можат да бидат вклучени во незаконски работи, како перење пари и финансирање на тероризмот. Кина и Данска веќе ги забранија депозитите во виртуелни валути, а сега кон овие предупредувања се придружи и Русија, која тврди дека биткоинот може да претставува параван за купување на дрога, оружје, како и за други нелеглани активности. Американските федерални власти во понеделникот ги уапсија Роберт Фајел и Чарли Шрем, под обвинение за перење пари и продажба на биткоини во вредност од милион долари на корисници на интернет страната Слик роуд, по пат на која с евршат разни криминални активности. ФБИ ја затвори оваа интернет страна во САД, бидејќи преку неа се продавало дрога. Во рацијата биле запленети речиси 28,5 милиони долари. Во Кина, поедини берзи на биткоин ги снема преку ноќ, а постојат и низа други приказни за милиони изгубени биткоини. Добитникот на Нобеловата награда за економија, Роберт Шилер, исто така остро го критикуваше биткоинот на светскиот економски форум, кој минатата недела беше одржан во Давос, опишувајќи ја виртуелната валута како неверојатен пример за меур од сапуница.   А.А.
Слично

Поврзани вести