Русија би можела да нападне послаби земји-членки на ЕУ и НАТО?
Aко се соочи со национална криза, Русија може да одлучи да нападне некои од послабите држави на Европската унија или НАТО, изјави стратешки аналитичар и експерт за одбрана за британски Експрес.
Професорот Џулијан Линдли Франс, меѓународно признаен аналитичар, рече дека рускиот претседател Владимир Путин може да биде „во искушение“ да ги нападне земјите што се на маргините на НАТО или ЕУ и кои се воено послаби од главните членки. Руското Министерство за одбрана ќе основа околу 20 нови воени единици и формации на западот на земјата, како одговор на активностите на НАТО, предводени од САД, во западната стратешка област, објави во понеделникот рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу. Тој вели дека воената закана во западната стратешка насока продолжува да расте, наведувајќи дека земјите-членки на НАТО, предводени од САД, го зголемуваат интензитетот на стратешките авионски летови, присуството на воени бродови со крстосувачки ракети и бројот на воени вежби.
