Русија, Белорусија и Казахстан основаа Евроазиска економска унија
Рускиот претседател Владимир Путин денеска со своите колеги од Белорусија и Казахстан, Александар Лукашенко и Нурсултан Назарбајев потпиша спогодба за основање на Евроазиска економска унија чија цел е да јакнење на интеграцијата на овие три поранешни советски републики.
Спогодбата е потпишана во Астан, главниот град на Казахстан, а Унијата ќе почне д адејствува од 1 јануари 2015 година. Овие три земји веќе се поврзани со Царинската унија од 2010 година.
„Ова е економска унија и не допира до суверенитетите на земјите членки“, изјави после потпишувањето Назарбајев.
Ерменија и Киргизија, уште две поранешни советски републики најавија дека ќе се приклучат кон оваа економска унија до крајот на годината.
„Денеска заедно ќе формираме моќен и примамлив центар за економски развој, значаен регионален пазар кој ќе соедини 170милиони луѓе“, изјави Путин после потпишувањето и истакна дека овие три земји имаат „огромни природни ресурси“ и дека држат петина од светските ресурси на гас и скоро 15 одсто нафтени ресурси.
Рускиот претседател мораше да се помири со фактот дека во таа унија нема да биде и Украина, земјата со 46 милиони жители која е во криза и чиј претседател Виктор Јануковиќ e соборен.
Белорускиот претседател пак, оцени дека „порано или подоцна“ Украина ќе се придружи на економската Унија.
