Русија бара од своите компании да ги повлечат своите акции од меѓународните берзи
Официјална Москва денеска побара од домашните компании да ги повлечат своите акции од котирање на меѓународните берзи и со нив да тргуваат само на Московската берза.
Како што оценува агенцијата Блумберг, Русија на овој начин се обидува да ги сочува домашните претпријатија од меѓународните санкции кои и беа наметнати на земјата заради прифаќањето на Крим во Руската Федерација. „Ова е прашање на економска безбедност“, изјавил првиот потпретседател на руската Влада Игор Шувалов. Тој додал дека Владата во Москва создава нови атрактивни услови за компаниие кои ќе решат повторно да се регистрираат на берзата во Москва. Компаниите Јандекс, ВимпелКом и Меил.ру Груп се единствените руски компании со чии акции се тргува во странство, додека компаниите како Лукоил, Гаспром и Сбербанк се меѓу компаниите кои имаат акции на Московската и на Лондонската берза.
Слично
