Русија бара „хуманитарна пауза“ за војната во Јемен
Русија соопшти дека ќе свика вонредна седница на Советот за безбедност на ОН за хуманитарната ситуација во Јемен во услови на воени дејствија во земјата, пренесува „РИА Новости“, повикувајќи се на соопштение од Алексеј Заичев.
Седницата е закажана за 18:00 часот по московско време денес.
Русија го свика на консултации Советот за безбедност за да разговараат за прашањето за воспоставување на редовно и задолжително почитување на „хуманитарната пауза“ извршена од коалицијата за воздушните напади во Јемен, се наведува во пораката.
Потсетуваме дека при крајот на неделава од Црвениот крст се пожалија дека Саудиска Арабија и сојузниците не дозволуваат хуманитарни испораки во Јемен. Арапските сили го нападнаа Јемен пред две недели, со цел да ги победат шиитските бунтовници во земјата, за кои се смета дека се поддржани од Иран.
