Русија атрактивна за Европјаните, Французите најзаинтересирани за руски пасош
Според последните податоци од Европската статистичка служба, Евростат ранцузите се на прво место од европските граѓани кои побарале и добиле руско државјанство. Според Евростат, само во периодот меѓу 2009 и 2010 година 4.503 Французи добиле руски пасош.
Аналитичарите притоа предупредуваат дека овој број ќе расте, ако се земе предвид незадоволството на богарите Франсузи кои од лани мора 75% од приходот да го даваат како данок и кои се почесто се решшават з руско државјанство. Најсвеж е примерот на познатиот актер Жерар Депардје кој рускиот пасош го доби вчера лично од Путин.По Французите, според Евростат, втори по бројот на земени руски државјанства се Германците (4.191), а потоа следат Финците (1.925) и Италијанците (1.881).
Евростат нагласува дека не располага со податоци за бројот на барањата поднесени од руски државјани за добивање државјанство во европските земји.
Слично
