Економија, финансии, бизнис

Контакт

Русија: 49 милијарди долари за наркотици, поткуп и даночно затајување?

Русија: 49 милијарди долари за  наркотици, поткуп и даночно затајување?

Само во текот на 2012 година од Русија во странство илегално се одлеале 49 милијарди долари изјави денеска гувернерот на руската Централна банка Сергеј Игнатиев.

Според Гувернерот, од Русија на овој начин се одлева 2,5 отсто од годишниот бруто национален производ на оваа земја. Игнатиев верува дека целата оваа работа ја спроведува една „добро организирана група индивидуалци“.Тој оценува дека трансферот на пари бил искористен за да се финансира снабдувањето со наркотици, но и за плаќање на поткуп и за даночно затајување.

И портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков призна дека постои одлив на руски пари, но смета дека износите што ги споменува гувернерот Игнатиев се претерани.

Според истражувањето на Народната банка, половината од одлеаните пари се капитални трансфери на руски компании и фирми на сметки на нерезидентни организации, за кои постои сомнеж дека се лажни.

Слично

Поврзани вести