Економија, финансии, бизнис

Контакт

РУСИ, ЗОШТО ГРАНАТИРАВТЕ МИРНИ ГРАЃАНИ, ОВА НИКОЈ НА СВЕТОТ НЕМА ДА ВИ ГО ПРОСТИ - Зеленски за нападот на Харков

РУСИ, ЗОШТО ГРАНАТИРАВТЕ МИРНИ ГРАЃАНИ, ОВА НИКОЈ НА СВЕТОТ НЕМА ДА ВИ ГО ПРОСТИ - Зеленски за нападот на Харков

Украинкиот претседател Володимир Зеленски објави ново видео на Фејсбук во кое го коментира нападот утринава врз Харков.

„Злото, вооружено со ракети, бомби и артилерија, мора веднаш да се запре. Економски уништи. Мора да покажеме дека човештвото е способно да се заштити себеси“, рече Зеленски.

Тој изјави дека Русите знаеле каде пукаат.

„Руските сили денеска брутално го гранатираа Харков. Ова е воено злосторство. Мирно место, мирни граѓани. Нема воени објекти. Ова е намерно уништување на луѓе“, рече украинскиот претседател.

„Поради ова злосторство тој дефинитивно ќе оди пред Меѓународниот суд на правдата. Ова е кршење на сите конвенции. „Никој во светот нема да ви прости што убивте мирни Украинци“, рече тој.


Фото: фејсбук

Слично

Поврзани вести