Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рудари наместо јаглен ќе „вадат“ вино

Рудари наместо јаглен ќе „вадат“ вино
По повеќе децении посветеност на вадење јаглен, периферниот кинески регион Нингсја ќе се пренасочи кон производство на вино. Нудејќи им даночни олеснувања на производителите на вино, Нингсја сака да произведе вино во вредност од 100 милијарди јуани (16,3 милијарди долари) до 2020 година. Преминот од јаглен на вино во време кога Кина се врти кон „позелен“ и одржлив моде на економски развој, би ја направило оваа област добар пример за преминот од „старата“ во „новата“ економија. Традиционалните придвижувачи на кинеската економија, преработувачкиот сектор и производството на јаглен, се во опаѓање. Преработувачката активност во август достигна шестгодишен минимум, а цените на јагленот се преполовени од 2011 година. За сметка на тоа, потрошувачите во Кина минатата година купиле 1,6 милијарди литри вино, вклучувајќи и увозно. Соред официјалните податоци на Пекинг, Нингсја во 2013-та година произвела само 16, 7 милиони литри вино. Песокливата почва и релативно сувата клима во оваа област се погодни за одгледување на грозје. Затоа официјален пекинг има намера во тој регион да ги удвои насадите под винова лоза на околу 65.000 хектари и да работи на привлекување на 60 срански производители на вино, кои на кинеските лозари ќе им го пренесат своето искуство.
Слично

Поврзани вести