Ручек со Бафет? За ситни пари…
Милијардерот Ворен Бафет и оваа година организира добротворна аукција на која нуди ручек со него. Ова е само еден од начините на кои милијардерот со години наназад собира средства за добротворни цели. Аукцијата за ручекот со Ворен Бафет е објавена на eBay и секој корисник може да лицитира за сумата која би ја издвоил за ручек со познатиот милијардер. Се очекува сумата да достигне милионски износ.
Почетната цена, кога огласот беше објавен, во понделеникот утрото изнесуваше само 25.000 долари, а границата од 100.000 беше пробиена за само еден час.
Пред самиот крај на денот, понудата на eBay достигна сума од неверојатни 350 илјади американски долари.
Бафет оваа акција ја организира веќе долги години по ред. Својот апсолутен рекорд, како понудена сума за ручек со него е поставен во 2012 година. Токму тогаш ручекот со Бафет беше платен 3,5 милиони долари, а минатата година победникот на аукцијата во добротворни цели уплати нешто повеќе од милион долари.
Овогодинешната аукција, е петнаесета по ред и е наменета за фондацијата GLIDE од Сан Франциско, зад која стои методистичката црква. Огласот на eBay ќе биде поставен до крајот на неделата, односно до петок, а ручекот со познатиот милијардер ќе биде, според традицијата во познатиот ресторант во Њујорк “Smith and Wollenski”
Победникот на аукцијата, на ручекот, со себе смее да понесе седум пријатели кои ќе имаат чест да седат на иста маса со Ворен Бафет.
К.К.

Слично