Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рубљата и натаму паѓа заради кризата во Крим

Рубљата и натаму паѓа заради кризата во Крим
Руската рубља драстично падна во однос на еврото, како резултат на кризата на Кримскиот Полуостров. Падот беше особено изразен откако Парламентот на Крим донесе одлука за отцепување од Украина и припојување кон Русија. Еврото го надмина прагот од 50 рубљи, па едно евро денеска на берзите се менуваше за 50,06 рубљи. Американскиот долар, пак, се менува попладнево за 36,18 рубљи. Експертите предупредуваат дека доколку кризата потрае, руската национална валута би можела да продолжи да паѓа на уште пониски вредности.
Слично

Поврзани вести