РУБЉАТА СЕ ВРАЌА: До кога ќе трае подемот?
Рубљата достигна релативна стабилност во пресрет на Божиќ по големите распродажби минатата недела. Сепак девизните стратези размислуваат уште колку може да трае доброто претставување на руските пари.
Во средата рубљата заработи уште 0,16 отсто во однос на доларот по зголемувањето од скоро 3% ден порано.
Во вторникот пак една од трите водечки агенции Standard & Poor's (S & P) објави во извештај дека брзото влошување на монетарната флексибилност и влијанието на слабеење на економија ја ставаат Русија под финасиски притисок.
Според аналитичарите Русија може да го изгуби својот кредитен рејтинг од инвестиции уште следниот месец, бидејќи наглото поевтинување на рубљата и слабата економија вршат притисок врз нејзините финансии.
S & P го стави под надзор со негативна перспектива долгорочниот кредитен рејтинг на федерацијата, кој во моментов е на најниската инвестициона класа - BBB.
Минатата недела Руската централна банка драстично ја покачи својата основна каматна стапка до 17% од 10,5%, откако рубљата потона до над 80 за долар. Руската валута избриша околу 50% во однос на зелените пари оваа година по падот на цените на нафтата - главен извор на приходи за земјата.
Во третиот квартал руската економија ја успори брзината во споредба со очекувањата на аналитичарите, откако подобрата реколта го засени опаѓањето на цените на нафтата и влијанието на санкциите поради кризата во Украина.
Во периодот од јули до септември, бруто домашниот производ на Русија се зголеми за 0,7% на годишна основа, откако порасна за 0,8% во вториот квартал.
Според зборовите на Крис Уијфр, постар партнер во Macro Advisory Limited, РЦБ се обидува да ја стабилизира валутата во краток рок во пресрет на божиќните празници во земјата во јануари.
"Руските пратеници се надеваат дека по Божиќ ситуацијата ќе биде многу порелаксирана ... Клучот на сето ова е цената на нафтата", истакна Уијфр.
Според главниот економист на FxPro Симон Смит валута сеуште не е "надвор од опасност". Тој за CNBC изјави дека намалената ликвидност во почетокот на сезона помогнала за зголемувањето нанејзината куповна сила.
Во меѓувреме, Советот на директори на РЦБ одлучи да воведе нов инструмент - девизни кредити обезбедени со залог од побарувањата по кредити во странска валута, пишува "Росбалт".
"Оваа одлука е насочена кон зајакнување на капацитетот на кредитните институции да управуваат со сопствената валутна ликвидност и да рефинансираат странски кредити. Воведувањето на овие операции исто така ќе придонесе за враќање на девизниот курс кон фундаментално стабилни вредности", посочија од регулаторот.
K.K.

Слично