Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рубио оствари телефонски разговор со Лавров: Посветени сме за крај на конфликтот во Украина

Рубио оствари телефонски разговор со Лавров: Посветени сме за крај на конфликтот во Украина

Американскиот државен секретар Марко Рубио во телефонски разговор со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ја потврди посветеноста на американскиот претседател Доналд Трамп за изнаоѓање решение за прекин на конфликтот во Украина.

„Државниот секретар Марко Рубио денеска разговараше со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров како продолжение на разговорот на претседателот Доналд Трамп со рускиот претседател Владимир Путин претходно оваа недела“, се вели во соопштението на Стејт департментот денеска.

Покрај тоа, Рубио разговараше со својот руски колега за можноста за потенцијална соработка за низа други билатерални прашања, се додава во соопштението.

Лавров претходно изјави дека со Рубио меѓу другото разговарале и за подготовките за средбата Путин-Трамп, соопшти руското МНР.

Ова беше прв телефонски разговор меѓу двајцата министри, кој, како што претходно соопшти руското МНР, се одржал на иницијатива на американската страна.


Слично

Поврзани вести