Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рубио кажал дека на Мадуро ќе му судат во САД?

Рубио кажал дека на Мадуро ќе му судат во САД?

Републиканскиот сенатор од Јута, Мајк Ли, повикувајќи се на информација што му била соопштена при телефонски разговор со државниот секретар Марко Рубио, вели дека венецуелскиот претседател Николас Мадуро е уапсен за да му се суди во Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Си-ен-ен.

„Рубио ме информира дека Николас Мадуро е уапсен од американски служби за да се соочи со кривични обвиненија во Соединетите Американски Држави, како и дека акцијата е за заштита и одбрана на оние што ја извршуваат наредбата за апсење“, напиша сенаторот од Јута, Мајк Ли, на социјалната мрежа Икс.

Вели дека оваа акција веројатно спаѓа во рамките на овластувањата на претседателот според член 2 од Уставот за заштита на американските служби од вистински или непосреден напад.

САД утрово извршија напади на Венецуела. Американскиот претседател Доналд Трамп кажа дека американските сили го заробиле Мадуро. 

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести