Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рубио кажа дека не се во војна со Венецуела, но една работа во врска со нафтата нема да ја дозволат

Рубио кажа дека не се во војна со Венецуела, но една работа во врска со нафтата нема да ја дозволат

Американскиот државен секретар Марко Рубио вели дека Вашингтон очекува политички промени во Венецуела и инсистира на строга примена на нафтените санкции.

Рубио изјави дека Соединетите Американски Држави(САД) немаат потреба од венецуелска нафта и дека Вашингтон нема да дозволи нафтената индустрија на таа земја да биде под контрола на држави кои ги смета за свои противници. Тој ја смирува ситуацијата и вели дека тие не се во војна со Венецуела. 

„Не ни е потребна венецуелска нафта. Во САД имаме доволно сопствени ресурси. Она што нема да го дозволиме е нафтената индустрија на Венецуела да биде контролирана од противници на САД. Зошто ѝ е потребна таа нафта на Кина? Зошто на Русија? Зошто на Иран?“, изјави Рубио во интервју за NBC.

Тој нагласи дека САД нема да дозволат западната хемисфера да стане „база за дејствување на противници, конкуренти и геополитички ривали“, додавајќи дека приходите од венецуелската нафта, според ставот на Вашингтон, треба да ѝ служат на венецуелската јавност, а не на странски интереси.

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести