Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ротшилд: Го зголеми богатството на 133 милијарди евра, ама сака 155

Ротшилд: Го зголеми богатството на 133 милијарди евра, ама сака 155
Мултимилјардерот Бенјамин де Ротшилд, сопственик на „Едмонд де Ротшилд Груп“ минатата година го зголемил богатството под своја контрола за девет проценти, на 133,6 милијарди евра, пишува „Фајненшел тајмс“. Сепак, неговиот сон е до 2016 година да достигне 155 милијарди евра. Групацијата на Ротшилд предупредува на константно одлевање на капитал од нивниот отсек за приватно банкарство со седиште во Швајцарија, како последица на изменетитте законски регулативи кои се однесуваат на банкарската тајна. Компанијата поминува низ турбулентен период откако баронот Бенјамин де Ротшилд и неговата сопруга Аријана пред три години го доведоа Кристоф де Бејкер за главен извршен директор на оваа групација. Минатата година групацијата отвори своја канцеларија во Лондон, во обид да создаде и четврти успешен центар за својот бизнис во Европа, по Париз, Женева и Луксембург. Неодамна својот бизнис го прошири и во Азија, отворајќи своја канцеларија во Хонг Конг.
Слично

Поврзани вести