„Роснефт“ и „Гаспром“ почнаа да бараат нафта во Баренцово Море
Руската нафтена компанија „Роснефт“ во партнерство со италијанската компанија „Eni“, ги почна геолошките истражување на дното на Баренцовото Морe.
Покрај италијанската компанија, во истражувањето на земјиштето ќе учествуваат и други странски партнери на „Роснефт“, англиско–холандската компанија „Royal Dutch Shell “, норвешката „Statoil“ и јапoнската компанија „Inpex“.
Заедно со „Роснефт“ на овој проект најавија дека ќе работи и рускиот концерн „Гаспром“.
Овие две компании се единствените кои имаат право да изведуваат работи на руското приморје.
Слично
