Роснефт го превзема нафтеното одделение на Морган Стенли?
Руската нафтена компанија Роснефт преговара за превземање на одделот за тргување со нафта на глобалната банка Морган Стенли, јавува Ројтерс повикувајќи се на извори во секторот.
Морган Стенли веќе повеќе од година дена се обидува да го продаде или одвои одделението за купување и продажба на сировина, поради зголемување на контролите над активностите на банката и строгите барања за капиталот.
Во структурата на Роснефт постојат две трговски компании - Роснефт трејдинг и ТНК трејдинг интернешенел.
Како што беше соопштено претходно, Роснефт ја регистрираше зависната фирма Роснефт трејдинг во женевскиот кантон во Швајцарија во јануари 2011 година. Меѓутоа, бидејќи швајцарската фирма-ќерка не учествуваше во активните трговски операции на компанијата, Роснефт одлучи да ја задржи ТНК трејдинг интернешенел - трговско одделение на компанијата ТНК-БП, исто така регистрирана во Швајцарија.
Слично
