Економија, финансии, бизнис

Контакт

РОНАЛДО УДРИ АУТИСТИЧНО МОМЧЕ, МУ ГО СКРШИ ТЕЛЕФОНОТ И МУ ОСТАВИ МОДРИНКА НА РАКАТА - светот е шокиран од скандалозниот испад на славниот Португалец

РОНАЛДО УДРИ АУТИСТИЧНО МОМЧЕ, МУ ГО СКРШИ ТЕЛЕФОНОТ И МУ ОСТАВИ МОДРИНКА НА РАКАТА - светот е шокиран од скандалозниот испад на славниот Португалец

Голем скандал се случи по новиот неуспех на Манчестер Јунајтед во Премиер лигата.

Јунајтед беше поразен на гостувањето кај Евертон со 1:0, а првата ѕвезда на тимот од Олд Трафорд, Португалецот Кристијано Роналдо ја изрази својата фрустрација поради поразот врз едно аутистично момче.

На пат кон соблекувалната Роналдо направи испад кој ги згрози фудбалските фанови ширум светот.

Португалецот силно удрил едно момче по раката во тунелот што води кон соблекувалната, му го скршил мобилниот телефон и оставил голема модринка.

За да биде приказната уште потажна, момчето Џејкоб е аутистично и играта на популарниот Гудисон беше првата во неговиот живот што ја гледаше во живо од трибините.

„На крајот од натпреварот играчите на Манчестер Јунајтед отидоа во соблекувалните. Имавме карти за седишта веднаш до тунелот, па син ми реши да ги снима играчите. Ги сними сите, а потоа дојде Роналдо кој ги спушти чорапите и покажа крвава нога, па Џејкоб го спушти мобилниот за да го сними. Тој не кажа ниту збор, а Роналдо му пријде и му го истргна телефонот од рака“, открила мајката на момчето.

Кристијано силно го удри момчето по раката.

"Од модрината на раката може да се види дека имало контакт. Не можам да верувам дека зборувам за ова. Плачев, бев шокирана, Џејкоб беше шокиран, тој е аутист. Тој е потресен и не сака да оди повеќе на натпревари. Ова му беше прв негов натпревар, прв во неговиот живот, и еве што се случи“.

Кога сфатил што направил, Роналдо му се извини на момчето и го покани на натпреварот со Манчестер на „Олд Трафорд“.

"Не е лесно да се справиме со емоциите во тешките моменти, како и со оние со кои се соочуваме. Сепак, мора да имаме почит и трпение и да бидеме пример за младите кои ја сакаат оваа прекрасна игра. Би сакал да се извинам за моето избрзана реакција и, ако е можно, би сакал да го поканам овој навивач да дојде на натпреварот на Олд Трафорд во знак на фер-плеј и спортски дух“, рече Роналдо.

Извор и фото: Курир.рс

Слично

Поврзани вести