Роналдо две недели во карантин
Португалскиот фудбалски виртуоз Кристијано Роналдо се врати во Торино синоќа, откако помина безмалку два месеци во својата татковина. Според протоколите. ќе биде во карантин две недели откако ѕвездата на Јувентус се врати во Италија.
Португалскиот напаѓач помина скоро два месеци во родната Мадеира, додека пандемијата на коронавирус ја погоди Италија, принудувајќи ја земјата да се повлече во строга изолација.
Роналдо се очекуваше да се врати на 18 мај, кога првично требаше клубовите да ги започнат тренинзите. Италијанската влада тој датум го премести порано откако многу региони дадоа дозвола повторно да се отворат центрите за тренинг, поради што Јувентус ги повлече странските играчи кои ја напуштија земјата бидејќи ситуацијата со Ковид-19 се подобрува.
Играчите што се враќаат ќе треба да поминат две недели карантин по пристигнувањето во Италија пред да можат повторно да започнат со тренинзи.
Додека Роналдо (35) и неговото семејство беа на пат за враќање во Торино, многу од неговите соиграчи беа тестирани за коронавирус во Центарот за подготовки на Јувентус.
Од вторник, тренинзите ќе продолжат, но играчите ќе треба сами да работат за да се придржуваат кон правилата за социјално дистанцирање.
