Рон Пол: На Американската империја ќе и дојде крајот!
Поранешниот американски сенатор и кандидат за претседател на Републиканската партија Рон Пол во интервју за Раша Тудеј посочи дека еден ден на Американската империја ќе и дојде крајот што ќе биде природен процес бидејќи милитаризмот не може вечно да се одржува исто како што се распадна Советскиот сојуз.
„Ќе имаме брз, катаклизмичен крај нешто како што тоа му се случи на Советскиот систем. Нема да биде идентичен бидејќи таму постоеше движење за сукцесија и некои од земјите од Советскиот систем се издвоија. Нашите сојузни држави најверојатно нема да се раздвојат, но јас искрено верувам дека повеќе нема да може да ја одржуваме нашата империја ширум светот“ изјави Пол.
Според Рон Пол повеќе економски системи како социјализмот, фашизмот, комунизмот па дури и кензијанизмот се покажале како неодржливи пред и по Втората светска војна во споредба со слободниот пазар и капитализмот.
„Нашата империја, иако ние не ја потврдуваме сопственоста, е всушност збир на многу пари и многу влијание и ние се закануваме со оружје и користиме санкции за да ја одржиме империјата цврста, но мислам дека на тоа ќе му дојде крајот“ вели Пол за Раша Тудеј.
Пол исто така вели дека Советскиот сојуз не се растурил поради воената моќ на САД туку поради самиот систем кој не бил одржлив на долг рок.
