Роми од Македонија и Србија бараат пензија од Германија поради гетоизирање
Роми во третата доба од животот нема да добијат пензии поради гетоизирање од страна на нацистичките окупатори во Македонија и Србија за време на Втората Светска Војна, одлучи Берлинскиот социјален суд,.оренесува „Ди Велт“. Поединци и здруженија на Роми преку адвокатски друштва се обиделе да добијат слична пензија како и Евреите, кои сега добиваат вакви бенефиции од Германија поради тоа што биле гетоизирани и принудени да работат неблагодарни задачи по градовите низ Европа.
Иницијативата ја поднесе жена Ромка со изјава дека како дете од април 1941 до септември 1944 година била присилена да живее во гето во српското село Смедеревска Паланка. Таму таа била задржана од германски војници и за да не гладува морала да се грижи за коњите, мазгите и другиот добиток. но сведочењето е одбиено од страна на Берлинскиот социјален суд.
Како причина за тоа се наведува дека не постојат доверливи документи кои докажуваат дека во Србија и Македонија постоеле гета за припадниците на ромската етничка група за време на нацистичката окупација. Исто така, судот објави дека ниту другите тужители не можеле да се потпрат на усториски факти. Исто така тие не можеле ниту да докажат дека за време на војната живееле токму во тие гета за кои што тврдат.
Социјалниот суд вели дека во последниве години Ромите од територијата на поранешна Југославија сè повеќе се залагале за пензиско обештетување поради присилно живеење во гето. Пензиското осигурување категорично го отфрли тоа во Германија. Досега околу 200 лица се жалеа на адвокатска фирма.
