Романски клиники тргувале со јајце клетки!?
Во рамките на истрагата за илегална трговија со јајце-клетки, романската полиција денеска приведе на распит околу 30 лица и изврши претрес во домовите на шестмина вработени во една приватна клиника за ин витро оплодување во главниот град Букурешт.
Полицијата се сомнева дека во клинката биле земани јајце-клетки на жени на возраст од 18 до 30 години, за што им плаќале меѓу 600 и 800 евра и потоа ги продавале на друга клиника по цена од 3.000 до 4.000 по јајце-клетка.
Во Романија продажбата на јајце-клетки за ин витро е забранета со закон.
Слично
