Економија, финансии, бизнис

Контакт

Романски онколози обвинети за корупција

Романски онколози обвинети за корупција

Обвинителството во Романија  информира дека против 77 лекари се подигнати обвиненија поради сомневање дека фармацевтска компанија им платила пат до Индија, а за возврат лекарите требало да препорачуваат нивни лекови на пациенти заболени од канцер.

Обвинителството наведува дека оваа компанија, чие име не е наведено, наводно им платила на онколозите учество на конгрес за канцер на дојка во Бангалоре во Индија во март 2012 година. Наместо на конгресот, лекарите биле во Њу Делхи оддалечен повеќе од 2.000 км. Некои  од лекарите биле на тоа патување со своите семејства. Фармацевтската компанија платила 520.000 евра од кои 417.000 биле мито.

Слично

Поврзани вести