Економија, финансии, бизнис

Контакт

РОМАНСКИ ДЕСНИЧАР: Ќе ја поделиме Украина со Русија

РОМАНСКИ ДЕСНИЧАР: Ќе ја поделиме Украина со Русија

Десничарскиот романски политичар Калин Георгеску изјави дека со Русија ќе ја поделат Украина. 

Тој предизвика контроверзии со изјавата дека Украина е фиктивна држава чија територија ќе биде поделена меѓу соседните земји. 

„Сто проценти, тоа ќе се случи. Па, немаат друг пат! Патот до ова е неизбежен. Украина е фиктивна држава. Тоа е Украинската Советска Социјалистичка Република“, рече Георгеску. 

Тој кажа дека, доколку победи на изборите, ќе го забрани извозот на украинско жито преку Романија и ќе ја прекине сета воена помош за Украина.

Зборувајќи за можна промена на границата, тој ги спомена регионите како Северна Буковина, Бугеац (Буџак) и Северен Марамуреш како делови од територијата што може да  се вратат на Романија. Овие области моментално припаѓаат на западна и јужна Украина. Украинската страна официјално не ги коментира овие изјави. Уште малку ќе се навршат три години од почетокот на руската инвазија на Украина. 

Слично

Поврзани вести