Романската ТВР ќе се спасува со кредит од 20 милиони евра
Романската државна телевизија ТВР ќе земе кредит во висина од 15-20 милиони евра за одржување на ликвидноста, а средствата ќе бидат искористени за инвестиции и рефинансирање на постоечките банкарски кредити, изјави генералниот директор на романската телевизија Клаудиу Сефтон.
Административниот совет на телевизијата одобри вчера извештај за спроведување на програма за економско заздравување на медиумот, според кој сегашното раководство оцени дека загубите на ТВР изнесуваат 134,3 милиони евра. Во извештајот се наведува неопходноста од добивање кредит на период од пет години со максимална вредност од 29 милиони евра. Преговорите за кредитот се во финална фаза.
Согласно мерките за економско заздравување на ТВР бројот на службенци ќе биде намален на 2.395 лица во однос на сегашните 3.300. Во рамките на програмата за реструктурирање на ТВР неколку канали престанаа со емитување или беа обединети. Процесот треба да заврши во јануари 2013 година
