РОМАНИЈА СЕ ТРЕСЕ ЦЕЛА НОЌ - Дури 15 земјотреси се забележани во изминатите часови, тлото не се смирува
По неколкудневна зголемена сеизмичка активност, тлото во Романија не се смири ниту оваа ноќ.
Во ноќта меѓу петокот и саботата, како и во саботата претпладне се регистрирани дури 15 поблаги земјотреси, јавува „Блиц.рс“.
Најсилниот меѓу нив беше со магнитуда три степени според Рихтеровата скала. Последниот е снимен во 9 часот и 30 минути утринава и бил со магнитуда од 2,9 степени.
Да потсетиме, неколку дена по катастрофалниот земјотрес што ја погоди Турција, во Романија беа забележани серија земјотреси, од кои најсилниот беше 5,7 степени според Рихтеровата скала.
Новите потреси се случија во истиот регион каде оваа недела имаше зголемена сеизмичка активност.
Најкритична е состојбата во месноста Горј каде настанала материјална штета.
