Романија се откажа од рускиот природен гас
Романија објави дека се откажува од рускиот природен гас од април 2015 година. Земјата годишно користи околу 10-11 милијарди кубни метри гас, од кои околу 400 милиони кубни метри гас се испорачуваат од Русија, објави „Тalks.su“, така што Романија за првпат ќе се потпира само на сопственото производство.
Но во зима кога потрошувачката расте, увозот на гас може да биде обновен. Производството на Романија во моментов ги покрива потребите на домашните потрошувачи, како и потрошувачката на индустриските претпријатија.
Претходно беше објавено дека Словачка, Унгарија, Романија и Бугарија ги договориле главните точки на меморандумот за изградба на гасоводот „Eastring“ предложен како алтернатива на „Јужен ток“ во ноември 2014 година.
