Економија, финансии, бизнис

Контакт

Романија од ММФ бара нов кредит со пониска камата

Романија од ММФ бара нов кредит со пониска камата
Романија има потреба од нов договор со Меѓународниот монетарен фонд со кој ќе може да добива кредити од приватните финансиски пазари со ниски камати, изјави романскиот премиер Виктор Понта.

Од договорот за заем во 2009-та со надворешните кредитори, Романија треба да повлече уште пет милијарди евра од вкупната сума помош која изнесуваше 20 милијарди евра за две години.

„Во пракса е многу важно со какви камати се земаат кредитите, бидејќи ако се земаат со високи камати по пет до десет години, тие што ќе дојдат по нас, нема да имаат од каде да ги плаќаат таквите долгови“, изјави Премиерот на Романија. Романскиот претседател Трајан Басеску најави дека има државен консензус за да се побара склучување на новиот договор со ММФ, за време на посетата на кредиторите (ММФ, Светската банка и ЕК) идната седмица.
Слично

Поврзани вести