Романија ќе плати над милон евра за изгубените пресуди во Стразбур
Романија треба да плати 1, 277 милиони евра отштета за свои граѓани по пресуди на Eвропскиот суд за човекови права во Стразбур.
Од 128.100 тужби упатени во Судот во 2012 година, 8.700 биле од Романија со што државата е на шесто место по број на поднесени тужби од европски држави.
„Од 70 пресуди во Стразбур само седум се резултат на кршење на одредби од Конвенции или Протоколи што е показател на тренд на намалување во случајот на Романија во поглед на пресуди на Судот кои се однесуваат на Романци,“ изјави Јонут Милитару, судија од Букурешт.
Слично
