Економија, финансии, бизнис

Контакт

Романија бира претседател, Понта потенцијален победник ?

Романија бира претседател, Понта потенцијален победник ?

Граѓаните на Романија денеска гласаат на претседателски избори, на кои најмногу шанси за победа има премиерот Виктор Понта, но  не и доволно за победа во првиот круг.

Во првиот круг учествуваат 14 кандидати, а за премин во вториот круг најмногу шанси покрај Понта има градоначалникот на градот Сибиу, Клаус Јоханис.

Анкетите покажуваат дека Понта, претседателот на Социјалдемократската партија во првиот круг ќе освои 40 одсто од гласовите, а во вториот 55 одсто, додека Јоханис би освоил 29 одсто во првиот круг и 45 одсто во вториот круг.

Досегашниот претседател Трајан Башеску повеќе нема право да се кандидира, но иако Уставото тоа му го забранува непрестано учествуваше во предизборната кампања и остро го напаѓал Виктор Понта а ја фалел Елена Удреа.

Меѓутоа победата на Понта не е извесна, бидејќи освен него и поранешниот премиер Калин Попескуа Тарричеану (2005-2009), кој исто сака да го собори Башескувиот режим, сите останати кандидати се блиски на претседателот кој си заминува.

Слично

Поврзани вести