Економија, финансии, бизнис

Контакт

РОМАН АБРАМОВИЌ И НЕГОВАТА УЛОГА ВО ПРЕГОВОРИТЕ: Помага да се кажат некои сложени работи на „човечки јазик“

РОМАН АБРАМОВИЌ И НЕГОВАТА УЛОГА ВО ПРЕГОВОРИТЕ: Помага да се кажат некои сложени работи на „човечки јазик“

Шефот на украинската делегација во преговорите со Русија, Давид Арахами ја смета за „позитивна“ улогата на рускиот олигарх Роман Абрамович во преговорите бидејќи тој првично делуваше како „неофицијален канал за комуникација“.

„Всушност, да бидам искрен, улогата што ја игра е многу позитивна. Но не разбирам зошто почна да игра јавна улога. На почетокот беше само дополнителен канал за комуникација, неофицијален, кој помага да се кажат некои сложени работи нормално, на човечки јазик, а не дипломатски“, изјави украинскиот преговарач.

Тој веќе не се крие, туку е уште една личност во преговорите“, рече тој.

Арахамија смета дека Абрамови се обидува да се позиционира како неутрална страна во преговарачкиот процес.

„Иако не го гледаме како неутрална страна, можеме да кажеме дека, се разбира, тој е понеутрален официјалната страна на преговорите“, додаде шефот на украинската делегација.


Слично

Поврзани вести