Роман Абрамович со својот авион ги зеде Британците ослободени од руското заробеништво
Поранешниот сопственик на Челзи, Роман Абрамович, одиграл клучна улога во ослободувањето на петмина британски затвореници од Русија, кои беа дел од големата размена со Украина на 21 септември. Ова го открива британски „Сан“.
55-годишниот руски олигарх ги пречекал Џон Хардинг, Шон Пинер, Ајдан Ешлин, Дилан Хејли и Ендрју Хил и со својот приватен авион ги пренел од Русија во Саудиска Арабија. Потоа им дал сосема нови iPhone телефони за да можат да им се јават на своите роднини и да ги известат дека се враќаат во Англија. Милијардерот патувал со нив во авионот. Петмината Британци прво не сфатија дека тоа е тој.
Еден од заробениците на Русите, Џон Хардинг, за The Sun изјави: „Тој е легенда. Го обожаваме и многу сум благодарен за неговите напори. На почетокот не го препознав. Шон ми рече дека личи на него. Тој му пришол во авионот и го прашал од каде е, а Роман му рекол: „Од Лондон“. Тогаш Шон рече: „Вие навистина личите на Роман Абрамович“, а тој одговори: „Тоа е затоа што јас сум, господине“. Не можевме да поверуваме. Потоа се пошегував дека Шон е навивач на Вест Хем и сите се смеевме“, вели ослободениот Британец.
Во приватниот авион биле третирани како „кралски членови“. Таму за прв пат после неколку месеци јаделе нормален оброк. За време на летот им биле послужени стекови, пандишпан и тирамису.
Се вели дека 55-годишниот Роман Абрамович одиграл клучна улога, заедно со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, во преговорите за размена на затвореници што доведе до ослободување на четворицата милитанти и еден хуманитарен работник од Британија.
Мажите за „Сан“ раскажале за суровите услови во кои живееле додека биле во руско заробеништво. Тие беа пуштени на руски аеродром, каде што ги пречекаа Саудијци. Тие ги придружувале до авионот за Ријад, заедно со уште петмина странци, група телохранители и тричлен екипаж.
