Ролс Ројс предвидува пад на профитот
Британската компанија Ролс Ројс, втора во светот за производство на мотори за авиони после Џенерал електрика, ги објави резултатите за 2014 година во согласност со очекувањата.
Компанијата сепак ги намали очекувањата кои се однесуваат на бизнис резултатите во оваа година поради незвесноста поврзана за цените на нафтата и забавениот раст на Кина и Европа.
Во 2014 година по оданочувањето на тековните приходи Ролс Ројс достигна 1,6 милјарди фунти (2,2 милјарди евра), во пад за осум одсто во однос на 2013 година но во согласност со очекувањата во компанијата, но со исклучок на влијанието на девизниот курс и вонредните ставки.
Росл Ројс сега предвидува во 2015 година дека тековната добивка ќе е помеѓу 1,4 и 1,55 милијадри фунти, што е пад кој може да биде и до 14 одсто.
Британската компанија која произведува мотори за бродови и погонски системи, објавила дека во октомври нејзината добивка во 2015 година би можела во најдобар случај да биде непроменета, а во најлошиот од пад до три одсто вклучувјки ги и проблемите на своите клиенти од секторот за гас и нафта.
Аналитичарите предвидуваат во 2015 година добивка пред оданочувањето од 1,481 милијарда фунти, пренесува Ројтерс.
