РОКОТ ИСТЕКУВА: Јапонската влада уште не стапила во контакт со припадниците на ИД
Јапонија денеска соопштила дека ги разгледува сите можни начини за да ги ослободи заложниците кои ги држат припадниците на Исламската држава, а двајцата Јапонци понудиле да се обидат да преговараат во име на Јапонија.
Група на Исламската држава во видео порака објавено во вторникот рекла дека ќе ги убие двајцата јапонски заложници во рок од 72 часа ако до тогаш не добие 200 милиони долари. Врз основа на времето кога е објавено тоа видео рокот истекува утре.
Портпаролот на јапонската влада Јшихиде Суга рекол дека Јапонија се ибидува да воспостави контакт со оние кои ги држат заложниците - 47 годишниот слободен новинар и 42 годишниот основач на приватна безбедносна компанија.
Суга рекол дека Јапонија не добила никаква порака од Исламската држава откако видеото е направено.
Портпаролот Суга рекол дека Токио ги разгледува сите можни начини за спасување на заложниците, а понуда за помош добиле и од неколку земји вклучувајќи го и Јордан.
