РОКОТ ИСТЕЧЕ: Турција не ја повлече војската од Ирак, што сега?
Рокот од 24-часа истече, а турските сили не се повлекоа од териториите на Ирак. Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу на неговиот ирачки колега Ибрахим ал Џафари му ја соопшти оваа одлука во телефонски разговор.
Анкара тврди дека војската што на 4 декември ја испратила во Ирак, е поставена за да ги тренира курдските борви за борба против борците на Исламската држава, под чиј надзор се наоѓа Мосул.
Ирачкиот претседател пак, смета дека турската војска влегла во земјата без дозвола и рече дека ќе бара од Советот за безбедност на ОН да преземе мерки.
Истовремено, владејачкиот Ирачки национален сојуз „Инс” му даде зелено светло на премиерот Хајдар ал Абад за одмазнички мерки против Турција.
Со тоа тој смее да ги преземе „сите неопходни мерки за заштита на границите и суверенитетот на земјата, вклучувајќи го и своето обраќање пред Советот за безбедност на ОН и Арапската лига“. Исто така се можни и економски санкции.
Истовремено и Русија обвини дека турскатавојска во Ирак е распоредена без довола од властите на земјата. Руските власти велат дека за нив ова е неприфатливо и рисуство на турските сили во северниот ирачки град Мосул е многу сериозен фактор за создавање тензија.
Освен тоа, Русија планира в четврток да ја отвори темата на инвазијата на Анкара во северен Ирак во Советот за безбедност на ОН.
