Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ројтерс најави отпуштања

Ројтерс најави отпуштања
Новинската агенција Ројтерс ќе отпушта пет отсто од вработените, пренесува неименуван извор близок до управата на редакцијата. „Со цел поедноставување и подобрување на оперативниот систем на информации на Ројтерс, одлучивме да направиме промени кои ќе резултираат со благо намалување на бројот на вработени во редакцијата“, рекла Барб Бург, директорка за комуникации на Ројтерс. Според неа, редакцијата на тој начин стратешки подобро ќе се организира и ќе биде подобро опремена за да овозможи агенцијата да биде ефикасна во преносот на најважните информации за своите клиенти и за целото општество.  
Слично

Поврзани вести