Економија, финансии, бизнис

Контакт

РОЈТЕРС ЕКСКЛУЗИВНО-СОВЕТНИКОТ НА ПУТИН, ДИМИТРИЈ КОЗАК ПОСТИГНАЛ ДОГОВОР СО УКРАИНА: Рускиот претседател одбил и започна војна

РОЈТЕРС ЕКСКЛУЗИВНО-СОВЕТНИКОТ НА ПУТИН, ДИМИТРИЈ КОЗАК ПОСТИГНАЛ ДОГОВОР СО УКРАИНА: Рускиот претседател одбил и започна војна

Новинската агенција Ројтерс утринава објави ексклузивна вест дека специјалниот претставник на Русија за решавање на украинскиот конфликт му рекол на рускиот лидер кога започна војната дека склучил привремен договор со Киев што ќе го задоволи барањето на Русија Украина да остане надвор од НАТО, но Путин одбил и продолжи со својата воена кампања.

Британската агенција наведува дека, според тројца луѓе блиски до руското раководство, советникот со украинско потекло Дмитриј Козак му рекол на Путин дека верува дека договорот што го постигнал ја отстранил потребата Русија да продолжи со својата голема окупација на Украина. Ројтерс е првиот што известува за препораката на Козак до Путин да го усвои договорот.

Путин во неколку наврати пред војната тврдеше дека НАТО и неговата воена инфраструктура се доближуваат до границите на Русија со прифаќање на нови членки од Источна Европа и дека алијансата сега се подготвува да ја вклучи и Украина. Путин јавно кажа дека тоа претставува егзистенцијална закана за Русија, по што на 24 февруари почна инвазија.

Запрашан да го коментира извештајот на Ројтерс, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков рече: „Тоа нема апсолутно никаква врска со реалноста. Такво нешто никогаш не се случило. Тоа е апсолутно неточна информација“.

ФОТО: Твитер

Слично

Поврзани вести