„РОЈТЕРС ЦЕНЗУРИРАШЕ ИЗЈАВА НА ЦИВИЛ ОД МАРИУПОЛ“: „Ги критикуваше украинските сили, но делот е исфрлен, Полјански го обвини медиумот
Рускиот
претставник во Обединетите нации,
Дмитриј Полјански го обвини Ројтерс за „цензурирање“ на изјавата на
преживеана од руското бомбардирање на огромна фабрика за челик Азовстал во Мариупол, тврдејќи дека делот
во кој таа ги критикува украинските
сили е исфрлен од вестите.
Полјански, рече дека веста на Ројтерс од 1 мај не вклучува изјава од жена евакуирана од фабриката за челик. Во изјава за медиумите, Наталија Усманова рекла дека украинските војници ја држеле неа и другите цивили во фабриката за челик против нивна волја.
„Ројтерс, всушност, го цензурираше она што таа навистина го кажа“, рече Пољански на неформалниот состанок на Советот за безбедност на ОН, нагласувајќи дека руските телевизиски мрежи ја пренеле нејзината изјава во целост.
„Како западните гледачи ќе ја дознаат вистината, особено кога руските телевизиски канали, како што сите знаеме, се протерани од западните земји? Кој шири пропаганда овде? Проценете сами“, додаде тој.
Портпаролот на Ројтерс рече дека весникот стои зад неговите извештаи. „Се уште се обидуваме да ги потврдиме клучните елементи на изјавата на Наталија Усманова. „Ние сме посветени да известуваме за конфликтот во Украина на непристрасен и независен начин, како што правиме ширум светот“, рече тој.
