РОХАНИ ПРЕДУПРЕДИ: САД ќе зажалат за напуштањето на нуклеарниот договор
Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека САД ќе жалат за напуштање на нуклеарниот договор од 2015 година. Тој исто така кажа дека неговата земја има подготвено планови да одговори на било која одлука на американскиот претседател Доналд Трамп.
„Имаме планови да се спротивставиме на било која одлука на Трамп во врска со нуклеарниот договор“, изјави денеска Рохани во говор во северозападен Иран кој беше пренесуван во живо на државната телевизија.
„Ако САД ја напуштат нуклеарната спогодба, наскоро ќе видите дека тоа ќе доведе до историско каење“, додаде Рохани.
Трамп се закани дека САД ќе се повлечат од нуклеарниот договор со Иран, доколку европските сојузници до 12 мај не ги поправат „ужасните недостатоци.“
Слично
