Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рохани не попушта дури и ако го бомбардираат Иран

Рохани не попушта дури и ако го бомбардираат Иран

Претседателот на Иран, Хасан Рохани денеска изјави дека Техеран нема да попушти под притисокот на САД и нема да се откаже од своите цели, дури и ако Иран биде бомбардиран.

Тој изјавата ја даде за време на церемонијата во спомен на иранско-ирачката војна во 80-тите на минатиот век.

„Ние мораме да се спротивставиме, а нашите непријатели треба да знаат дека и кога ќе ја бомбардираат нашата земја, и кога нашите деца ќе бидат убивани, ранети или уапсени, ние нема да се откажеме од нашите цели, независноста на нашата земја и нашата гордост“ – изјави иранскиот претседател.

Висок германски дипломат во четвртокот беше во Техеран за да се сретне со ирански официјални претставници со цел зачувување на Иранскиот нуклеарен договор од 2015 година и смирување на тензиите во регионот, изјави германски дипломатски извор.

Тензиите меѓу Иран и САД се последица на „судир на идеи“, изјави денеска еден од командантите на иранската Револуционерна гарда, Мохамад Бакери, додавајќи дека секој „непријателски авантуризам“ ќе наиде на силен одговор од иранска страна.

Слично

Поврзани вести